Белград нѐ сосече: Нема македонски екипи во АБА!

13.03.2018 | 20:18
Прочитано: 2850

Нема да има ниту една македонска екипа во првата АБА-лига, во следната сезона. Раководството на регионалната лига ја донесе оваа одлука на вечерашниот состанок во Белград, уривајќи ги илузиите на МЗТ Скопје дека ќе продолжи да игра меѓу најдобрите. Единствениот македонски итм заврши последен, на 12. место и се надеваше дека раководството на АБА ќе изгласа одлука за проширување на 14 екипи, што би значело спас. Грото од екипите беа за ваков чекор, но во последен момент го смениле ставот, најмногу од финансиски причини.

Ова е негативна вест и за Работнички, кој исто така очекуваше место во проширената лига, сепак, наместо два, сега Македонија нема да има ниту еден претставник. Единствената опција и понатаму да гледаме јадранска кошарка во нашите сали ако двете најквалитетни екипи се пријават во втората АБА-лига, па оттаму да изборат пласман во елитата.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.