Бејли: Македонија и Грција да дојдат до заедничко решение

14.03.2018 | 16:16
Прочитано: 1013

Осудуваме акти на насилство и закани врз новинари, во една демократија нема место за вакви нешта, кои ја попречуваат борбата за слобода на изразување и слободата на медиумите. Ова го изјави американскиот амбасадор Џес Бејли за време на првиот годишен форум на градоначалници во организација на мировниот корпус на САД во Македонија и министерството за локална самоуправа.

Бејли го повтори ставот на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел кој вчера за време на посетата на Скопје изјави дека сад се заинтересирани спорот за името да биде решен.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.