Барак и Мишел Обама преговараат за ТВ шоу на Нефликс

09.03.2018 | 13:02
Прочитано: 1325

Поранешниот американски претседател Барак Обама е во преговори со Нетфликс со цел да биде продуцент на високобуџетна серија. Разговорите се уште не се завршени, но се во напредна фаза.

Обама сепак нема да го користи своето шоу на Нетфликс за да упатува критики кон конзервативната политика на својот наследник Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.

„Претседателот и г-ѓа Обама секогаш верувале во моќта на приказната да инспирира. Во нивниот живот, тие често ги популаризираат луѓето кои сакаат го променат светот кон подобро. Новиот проект значи продолжување на таа пракса“, изјави Ерик Шулц, советник на поранешниот претседател.

Првичните информации говорат дека тоа ќе биде документарна серија за разговорите кои Обама ги имал околу своите политички реформи, од коишто некои и денес создаваат поделби во американското општество. Мишел Обама пак, е заинтересирана за темите околу нејзината вечна страст - нутриционизмот.

Хонорарот за планирате продуценти, се уште не се соопштува.

Инаку, Барак и Мишел Обама моментно ги подготвуваат и своите мемоари за коишто добија 60 милиони долари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.