Автомобил влета во пешаци во Рио де Женеиро

19.01.2018 | 09:29
Прочитано: 1569

Едно бебе загина, а 17 лица се повредени откако маж со неговиот автомобил влета во пешаци на тротоар во близина на плажата Копакабана во Рио де Женеиро.

„Возачот ја загубил контролата врз автомобилот, се качил на тротоар и удрил во група пешаци“, соопшти локалната полиција.

Здравствените власти во Рио де Женеиро наведоа дека при несреќата загинало едно деветмесечно бебе, како и дека 17 лица се повредени.

Полицијата ја исклучи можноста дека станува збор за терористички напад.

Возачот посочи дека добил епилептичен напад и дека при тоа ја загубил контролата врз возилот.

Локалната полиција во неговиот автомобил пронашла лекарства за епилепсија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.