Авионот кој се урна во Катманду погрешно слетувал

13.03.2018 | 12:48
Прочитано: 1274

Авионот кој при слетување се урна во Катманду и приоѓал на пистата од погрешен правец, изјави генералниот менаџер на аеродромот.

Според менаџерот на аеродромот, пилотот на авионот ни ги следел инструкциите за слетување, кои му ги давала контролната кула и авионот „не бил во линија со пистата како што требало да биде“.

Ваквото тврдење го потврдува и снимката од разговорот меѓу пилотот и контролата за воздушен сообраќај која покажала дека постоела конфузија за тоа од кој правец авионот би требало да слета.

Авион на компанијата „Јуес-бангла ерлајнс“ вчера при слетување во Катманду излета од пистата и се запали. Во леталото имало 67 патници и четворица членови на екипажот, од кои загинале најмалку 50 луѓе.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.