Аселборн: Грција и Македонија никогаш не биле поблиску до решение за името

20.04.2018 | 20:01
Прочитано: 1728

Oд мај минатата година, многу позитивни работи се случија во вашата земја. Грција и Mакедонија никогаш не биле поблиску до решение за името, изјави министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, Жан Аселборн, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Министерот Димитров, кој е во посета на Луксембург, го брифирал својот домаќин за најновиот развој на внатрешно политичките состојби, реформската агенда, регионалната соработка, како и заложбите за изнаоѓање компромисно решение за билатералниот спор со Грција.


 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.