Апелација ги потврди сите притвори

12.01.2018 | 22:01
Прочитано: 2005

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во Шутка. Апелациониот суд не ја прифати неговата жалба тој да биде пуштен од притвор. Одбиени се жалбите и на уште десет осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Во притвор остануваат и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ Игор Дурсловски, Владо Јовановски и Богдан Илиевски како и вработениот во Агенцијата за разузнавање, Мунир Пепиќ и другите осомничени дел од структурите на МВР и собраниското обезбедување Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов како и Илија Славевски.

„По одржаните јавни и нејавни седници Апелациониот суд донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април“, се наведува во соопштението на Апелација.

Пред објавувањето на одлуките, на јавна седница адвокатот Новаковски бараше да му биде укинат притворот на пратеникот Сашо Василевски кој противправно бил приведен и незаконски му бил одземен имунитетот. Василевски не сакал да биде спроведен од Шутка во Апелација, но дал согласност неговиот адвокат да ги изнесе наводите во жалбата.

„Ние имаме 60 илјади граѓани против одлуката за притвор за Сашо Василевски бидејќи толку граѓани гласале за него“, рече Новаковски на јавната седница во Апелација.

За Вишото јавно обвинителство пак жалбата на одбраната е неоснована, а тврдењето дека гласачите на Василевски се исто така во притвор, несериозно.

„Василевски е избран од граѓаните, но секој граѓанин треба да биде одговорен пред законите“.

За Василевски и за останатите жалби на осомничените Апелација дополнително ќе одлучува дали ќе ги прифати или отфрли.

Притворот од денеска тече и за Младен Додевски, исто така осомничен за 27 април кој полицијата го бараше и со меѓународна потерница, а го лоцирала вчера во Скопје. Недостапни и потаму се уште четворица осомничени, меѓу кои  Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и  Митре Питроповски.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.