Апелација ги одби жалбите, Чавков, Дурловски, Јовановски....остануваат во притвор

12.01.2018 | 15:17
Прочитано: 2485

Апелациониот суд донесе 11 одлуки со коишто ги одби жалбите за притворите на осомничените за нередите во Собранието што се случија на 27 април.

Тоа значи дека поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, организаторите на протестите „За Заедничка Македонија“ Владо Јивановски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски, вработениот во Агенцијата за разузнавање, Мунир Пепиќ  и другите осомничени Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов и Илија Славевски, остануваат во притвор.

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година“, соопштија од Апелациониот суд.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.