Анѓушев: За државна помош нема да се одлучува во владините кабинети

12.03.2018 | 21:36
Прочитано: 1336

Владата ќе им дава државна помош на компаниите и доколку пратениците не го усвојат законот за финансиска поддршка во Собранието. Вицепремиерот Анѓушев вели дека ако законот не помине, Владата ќе   им дава помош на компаниите врз основа на програмата за економски раст, врз чија основа е напишан законот.

Нема никаков проблем за микро и малите и среди претпријатија, бидејќи тие ќе конкурираат во Фондот за иновации. За нив првиот оглас се очекува веќе овој месец. Но, Анѓушев тврди дека и големите компании ќе добијат пари оваа лето.

„Овој закон да беше донесен во декември 2017, немаше нипто да смени, пак че требаше да чекаме. Затоа и така се ставени датумите да аплицирате до јуни и парите да ги добиете Не добивате пари за идни инвестиции, туку поврат на веќе реализирани инвестиции.“ - изјави Анѓушев.

Вицепремиерот уверува дека за државната помош нема да се одлучува во неговиот кабинет, туку за тоа ќе решаваат стручни лица. Компаниите ќе имаат можност да се жалат и до второстепена комисија, доколку бидат одбиени.

„Влкадата носи одлука на списокот на фирми и сумите со кои секоја фирма поединечно ќе биде субвенционирана и во тој момент ќе задолќи претставник од владата кој ќе ги потпише договорите. Очекуваме да бидат над 7000 и тоа ќе се распредели на повеќе луѓет да го потпишат.“ - изјави Анѓушев.

Коморите се задоволни што државата ќе им дава пари на компаниите за развој на нивниот бизнис. Дел од научната фела, пак, ги критикуваше мерките затоа што не одговараат на пазарно стопанство.

Владата ќе покрива и до 70% од тошоците за развој на нов производ. Ќе враќа 30 проценти од инвестициите за купување на опрема кај брзорастечките компании и ќе дава поддршка за стручно усовршување за новработените.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.