Анѓушев на средба со бизнисмените во Владата

20.09.2017 | 18:26
Прочитано: 3149

Мерките од владиниот план за економски раст генерално ги содржат барањата на бизнис секторот, но сепак во него постојат точки кои треба да се надополнат, му порачаа домашните бизнисмени на вицепремиерот Анѓушев на денешната јавна разсправа.

Стопанствениците укажаа на поразителните резултати и искуства од соработката со Македонската банка за обнова и развој, посебно во делот на осигурањето на извозот, но побараа и некои од мерките предвидени за странските комапнии, да важат и за домашните.

„Поголем дел од извозот го осигуруваме преку словенечка извозна дружба, тоа е пандан на МВПР во Словенија. Сметам дека и мвпр треба да се вклучи во сегментот на оние тела кои треба да ја следат нашата економска активност.“ - вели Живко Мукаетов, Алкалоид.

„Во делот на основање на развојни центри, сакам да предложам да се вклучат домашните компании во таа мерка. Градење и ангажирање на луѓе во развојните центри кај домашните прозиводители, ќе донесе поголема конкурентност.“ - вели Глигор Цветанов, стопанственик.

„Добивам впечаток дека ќе ги мобилизира и мртвите да станат да ја подржат програмата.“ - вели Бранко Азески, престедател на Стопанска комора на Македонија.

Претседателот на МАНУ Таки Фити со забелешка дека мерките за субвенционирање на странските компании содржат премногу даночни олеснувања.

„За мене е апсурдно да одите на толку големи даночни ослободувања кога имаме рамен данок и тоа не е основа за привлекување на странски инвестиции. Тие ќе дојдат ако има стабилност на цените, девизниот курс и дека нема корупција.“ - вели Таки Фити, претседател на МАНУ

Вицепремериот Анѓушев рече дека планот за економски раст очекува зголемување на брутодомашниот производ за 5 отсто, но најави и дека за негова успешна реализација државата ќе мора да прави сериозни реформи во образовниот систем. Бизнис секторот, веладините организации и меѓународните институции имаат две недели во писмена форма да ги достават забелешните.

„Слушнавме и добри забелешки кои може да бидат надградба на оваа програма и олекуваме дека забележки ќе добиеме и писмени забелешки и откако тоа ќе се заврши, ќе дадем последна верзија на програмата.“ - вели Тонско:Кочо Анѓушев, вицепремиер

Претходно меѓународните претсавници забележаа дека на планот му недостасуваат инфорамци за тоа како ќе се спречат евентуалните злоупотреби, но и што ќе се преземе за да се врати довербата во државните институции. Исто така странците се скептични околу обезбедувањето на образовен кадар.

 


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.