Андов: Иванов се однесува како крал

19.06.2018 | 21:22
Прочитано: 6724

Првиот претседател на Собранието, Стојан Андов во денешната емисија 24 Отворено, посочи дека претседателот Иванов мора да го потпише договорот за ратификација и покрај неговиот став дека нема да потпише.

„Ако не го потпише договорот, тоа значи дека се однесува како крал“ - посочи Андов.

Иванов посочи и на преговорите во минатото кои се воделе за преговори за името од состанокот во Единбург во 1992 на состанокот на Европските лидери кога првпат било предложено името Република Македонија (Скопје). Андов верува дека претседателот Иванов ќе попушти и дека ќе се согласи со договорот и ќе прифати  да го потпише.

„Грција не би влегла во преговори, ако нема решение“ - изјави Андов.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.