Анализите потврдија: Соините трошки и шницли содржат ГМО, следи уништување

10.08.2018 | 18:17
Прочитано: 3467

Казни од пет илјади евра за увоз и пуштање во промет на Генетски модифицирана храна ќе добијат компаниите „Виталиа“, „КАМ“ и „Сопродекс“. Санкциите следат откако присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во Македонија, утврдила и супер анализата во референтна лабораторија во Европската Унија. Освен парични казни за увозниците и дистрибутерите, казна ќе треба да платат и  одговорните лица во компаниите.

„Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од супер анализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство“, велат од  Агенцијата за храна и ветеринарство

Соините шницли и трошки биле увезени во земјава од Србија од страна на компаниите Виталиа и Сопродекс, а во промет биле дистрибуирани преку компанијата КАМ. Сојата е увезена од српската компанија “Сојапротеин” од Бечеј. А агенцијата уловила 510 килограми соини шницли и трошки, кои биле затекнати во магацини. Од таму тврдат дека спорната храна е повлечена од пазарот и деновиве ќе биде уништена. Дополнително уништен ќе биде и спорниот ориз од кочанско, кој бил произведен со увозен семенски материјал.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.