Анализа: Договорот за името не случајно се постигна за време на претседавањето на Бугарија со ЕУ

14.06.2018 | 17:44
Прочитано: 7134

Откажувањето на бугарскиот премиер Бојко Борисов и на министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева да се сретнат со македонскиот претседател, воопшто не е изненадување и не е нешто неочекувано.

Со сигурност може да се каже дека откажувањето на посетата е позицијата на Ѓорѓе Иванов во однос на договорот за името Македонија и Грција. Тој не е задоволен и не го прифаќа, а тоа е сосема спротивно на генералниот став кој владее во Бугарија. Имено, Бугарија смета дека договорот е историски, долгоочекуван клучен и од особена важност за евроатланската интеграција на Македонија. Тоа е договор што го отвара европскиот пат на Македонија.

Многу ни е важно што договорот меѓу Македонија и Грција се случува за време на бугарското претседавање со Европската Унија, бидејќи ова е еден од приоритетите на Софија, евроинтеграција на западен Балкан, а Македонија има клучна улога. За Бугарија, Македонија е важен сосед, со кој веќе имаме утврдени добрососедски односи. - вели за ТВ 24 новинарот Лачезар Валев, новинар во бугарското национално радио.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.