Аналитичарите сметаат дека посетите на светските лидери се придонес и за Балканот

21.09.2018 | 18:34
Прочитано: 970

Вашингтон уште еднаш покажа дека е голем пријател на Македонија, оценуваат домашните аналитичари. Средбата на Заев со американскиот потпретседател Мајк Пенс потврдува дека имаме огромна поддршка од САД за спроведување на успешен референдум. Македонија е мала но многу важна земја на Балканот. Интересна и за НАТО, но и за новата руска геополитика.

„Држави како Црна Гора, Македонија, Албанија играат значајна улога кога ќе ги соберете на едно место заедно со Бугарија и Грција, значи имате еден територијален континуитет. Затоа Македонија е важна, важна е и како еден пример за да и се даде на Србија дека евроатлантизмот се шири и дека овој дел и припаѓа на Европа, однос Евро Америка.“ - вели Нано Ружин, универзитетски професор.

Во пресрет на референдумот земјата е  една од најпосетените дестинации на странските дипломати и претставници. Македонија е значајна во нивните очи зашто ќе биде успешна приказна, вели  Ружин. Со посетите на европските дипломати и Европа сака да покаже дека има голем придонес на Балканот.  

„Влоговите на референдумот се огромни, тие значат прекршување на една балканска традиција и овој договор ги надминува регионалните и билатералните димензии и претставува не само решавање и стабилизација на македонија и Балкан, туку и модел како треба да се размилслува за решавање на билатералните проблеми.“ - вели Ружин

За нецели две недели Владата и Министерството за надворешни работи прими над петнаесетина министри, канцелари и претседатели на држави и високи претставници на Европската Унија. Сите дадоа поддржшка граѓаните да го искористата своето парво и да излезат на референдумот. 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.