Амнестиран затвореник не добил решение за слобода во Велес

12.02.2018 | 17:33
Прочитано: 2033

Малку недостигаше гостиварецот веле даилоски незаконски да остане в затвор. Иако му следувала амнестија, тој две недели не можел да излезе од Идризово. Од девет ипол годишната затворска казна за разбојништво и дрога му осталане уште шест месеци, но вели, законот како да важи за сите, само за него не.

„Сите со велешки пресуди се пуштени, а од 31 имаат решенија што се пуштени со документи, а мојот никаде го нема“ - вели Веле Даилоски – затвореник од Идризово.

Овој 43 годишен затвореник денеска добил седумчасовен отпуст од затворот идризово, за да провери во велешкиот суд кој го осудил, каде е неговото решение за амнестија. Но, вели дека наишол на арогантен однос од судските службеници, кои не му дозовиле ниту да дојде до писарницата.

„Му реков да пишам молба и дека сум излезен од затвор, и ми вика не сум надлежен.“ - вели Даилоски.

Телевизија 24 побара став од велешкиот суд зошто на овој човек не му е изготвено решение за отпуст. Кого за овој случај слушнаа портпаролот и претседателот на судот, реагираа веднаш кај службите. Во меѓувреме, разочараниот даилоски веќе беше тргнал назад кон идризово, кога му стигна веста, да се врати во судот, за да се разгледа предметот. По еден час, тој излезе ро решение в рака.

„Проблемот бил во судот и решен е проблемот.“ - вели Даилоски.

Даиловски е помеѓу 670-те затвореници кои со законот за амнестија донесен пред еден месец излегуваат порано на слобода. Сепак, овој случај покажа дека банални проблеми го спречуваат ефикасното спроведување на законот. Гостиварчанецот веле даиловски денеска ќе биде на пат кон дома. Таму го чекаат сопругата и дванаесет годишната ќерка. Деветте години затвор му биле поука за животот, но вели дека не очекувал разочарување од системот уште на првиот ден слобода. Апелира до оние со слични случаи како неговиот, да бидат упорни во барањето на своите права.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.