Амнестијата на улица пушти зависници без соодветна терапија

12.02.2018 | 17:57
Прочитано: 2120

Затворениците кои биле на  метадонска терапија, а ги напуштија затворите со законот за амнестија, остануваат без неопходното лекување по нивното излегување на слобода.  Невладините алармираат дека голем дел од овие лица се пуштени од затвор без документи и здравствено осигурување поради што постои опасност да и се вратат на дрогата и повторно да завршат зад решетки.

„Постои ризик кон враќање на дрогата и опасност од предозирање. Овие лица биле на терапија, но излегуваат надвор и купуваат дрога од црниот пазар. Може да дојде до предозирање, не знаат колкава им е дозата. И тука е ризикот од рецидив на правење на криминал за да се дојде до сретства за дрога.“ - вели Хајди Штерјова Симоновиќ – НВО ХОПС.

Со законот за амнестија проблемот ескалира, велат од невладините бидејќи само минатата недела десетина лица – зависници  биле ослободени без здравстено осигурување. Доколку се знаело дека ќе се носи закон за амнестија службите биле должни да ги подготват затворениците и да им се обезбедат потребните документи пред да ги пуштат од затворите, велат од ХОПС.

„Доколку се знорувало дека ќе се донесе таков законби требало да се извршат проверки. Кога ќе се донесе таков закон, не е како регуларно ослободување по издржување на казна.“ - вели Хајди Штерјова Симоновиќ – НВО ХОПС.

Од управата за извршување санкции велат направен е список со корисници на метадонска терапија кој ќе биде доставен до Министерство за здравство по што затворениците ќе го продолжат лекувањето. За тие што ќе излегуваат од затвор, пак допрва ќе се прави евиденција. Законот за амнестија беше донесен на 15-ти јануари и предвидува ослободување на околу 800 затвореници, а освен ослободување, со него се предвидува и намалување на затворските казни до 30% на околу 3000 осуденици.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.