Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник во Скопје

13.09.2018 | 22:06
Прочитано: 1297

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник пристигнува во официјална посета на Македонија, потврди попладнево македонската Влада.

Делегацијата на САД предводена од Матис ќе биде свечено пречекана на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата на Република Македонија. 

Матис ќе има средба со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а потоа е предвидено заедничка изјава за медиумите. 

И самиот Матис претходно оваа недела најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.

- Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.

Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес во Македонија. 

- Ако имате гласање, Москва ќе се меша. Јас сум загрижен за тоа. Такво мешање Русија практикуваше од Естонија до САД, од Украина и сега до Македонија, секогаш се прилагодува на конкретната ситуација, рече тој.

Прв пат во изминатите 14 години американски секретар за одбрана е во посета на Македонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.