Американската војска забрани употреба на телефони Хуавеи и ЗТЕ

05.05.2018 | 11:35
Прочитано: 4053

Војниците во американските воени бази повеќе нема да можат повеќе да купуваат телефони на кинеските марки Хуавей (Huawei) и ЗТЕ (ZTE), бидејќи тие претставуваат недозволива опасност за безбедноста, соопшти Пентагон.

- Апаратите Хуавеи и ЗТЕ може да претставуваат неприфатлив ризик за персоналот, информациите и воените мисии, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на САД Дејв Истборн.

Тој дополни дека со оглед на тоа, не би било мудро продавниците раководенени од армијата во американските бази во светот, да продолжат да ги продаваат.

Истборн прецизира дека наредбата за забрана на тие марки телефони била дадена на 25 април.

Портпаролот не соопшти детали за техничките аспекти на овие потенцијални закани, но според весникот. „Волстрит џурнал" Пентагон стравува дека кинеската влада може да ги следи војниците преку уредите на Хуавеи и ЗТЕ.

Портпаролот на Хуавеи Чарлс Зинковски изјави дека апаратите на компанијата одговараат на највисоките барања за безбедност и приватност во секоја земја во која оперира, вклучително и во САД.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.