Американска подршка за наоѓање компромис со Грција

13.03.2018 | 17:06
Прочитано: 1431

САД може да се вклучи во процесот со свој ангажман и да ја поддржува земјата како и досега , но Македонија и Грција најдобро е сами да го затворат отворено прашање околу спорот со името.

Ова е пораката која ја испрати Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања Вес Мичел по средбата со премиерот Заев во Скопје. Според Мичел  - Македонија превезела големи и сериозни чекори и треба да биде членка на ЕУ а како што рече и вратите за НАТО остануваат отворени но без да конкретизира одредени термини и датуми.

„САД се анагажирани и ќе продолжат да бидат ангажирани во процесот и научивме од минатите искуства и треба да го нагласиме дека тајмингот и природата на нашата улога мора да одгобвара со нашите интереси и се бориме за сите начела кои се наши заеднички начела како на Балканот, така и пошироко. САД и јас сме посветени на овој процес. препознаваме дека единствено решение е она кое двете земји самите ќе го постигнат.“ - изјави Вес Мичел Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Премиерот Заев пак и на оваа средба изрази надеж дека во април ЕУ ќе даде препорака за Македонија а во јуни земјава ќе ги отпочне преговорите. На прашање како го коментира предлогот на Коѕијас со кој се бара отворање на уставот премиерот порача дека името треба да се реши но не по секоја цена, иако како што рече добредојдени се сите документи кои ќе допринесат во изнаоѓањето заедничко профатливо решение.

„Договорот заедно со двете страни меѓу мене и Ципрас и помеѓу министерот Коѕијас и Димитров е дека секој документ кој ќе дојде од било која страна е од помош за конечно решение. Сето тоа што е од помош ќе го искористиме, да помогне во поцесот. Ако не, важно е што доаѓа од медијаторот зошто и двете страни сме согласни дека процесот мора да продолжи под раководствот на ООН, зошто и на двете страни така им треба.“ - изјави Зоран Заев Претседател на Владата на Р.М.

 Спорот со името е една од главните теми на која Мичел ќе дискутира за два дена и во Атина со грчките власти. Ова е негова прва посета во Скопје откако дојде на новата функција и ја замени Нуланд. Балканската турнеја Мичел ја почна со Приштина , а после Скопје и Атина треба да ги посети и Белград и Никозија. 17 ти март е денот кога тој ќе ја заврши посетата на регионот.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.