Алими: Се бараше крв на 27-ми април

16.04.2018 | 17:19
Прочитано: 3371

Двајца обвинети за обидот за убиство врз Зијадин Села го извлекле од собранискиот прес центар на 27ми април. Пратеникот од власта Мухамед Зекири, во судница ги препозна Александар Јаневски Тошта и Сашо Сенков дека го оттргнале од останатите пратеници. Зекири не прецизираше дали биле насилни или му помогнале како што тие тврдат. Вели, секој има своја теорија.

„Значи секој може да има своја теорија, тоа што го видов, тоа го кажав и тоа го видов дека беше фатен за рака и влечен, на што поголема група се придужија и го извлекоа надвор, а после тоа што било не видов“  - изјави Мухамед Зекири.

Мета на толпата бил и самиот Зекири. Со закани по живот го барале и извикувале пцовки поради неговата албанска националност. Се спасил, бидејќи добро бил сокриен во втората кабина над прес центарот од каде и го набљудувал насилството.  Како сведок на нападот врз Села денеска сведочеше и Абдулфетах Алими, член на собраниското обезбедување. Тој тврдеше дека го спасил Села од толпата.

„Од Клубот на пратеници јас и уште две лица го однесовме Села во бифето, му дадовме прва помош и баравме доктор. Ја држевме вратата оти толпата сакаше да влезе внатре, а за да ги тргнеме луѓето гласно извикувавме дека е повреден полицаец. Села беше целиот во крв, само тивко праша „каде ме носите“, јас му одговорив дека сум Фета од собраниското обезбедување, дека е тој во сигурни раце и дека додека сум јас жив и тој ќе биде на сигурно.“ - вели Абдулфетах Алими.

Токму овој сведок беше донесен од истражниот затвор Шутка, каде е притворен како обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поврзан со настаните од 27 април. Според обвинението Алими ги дал собраниските клучеви на неговиот колега Ѓошевски за да влезат насобраите граѓани ипотоа давал насоки каде да се движат. Обвинението против 30тмина обвинети се уште нема добиено зелено светло од Кривичниот суд. 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.