Активистите констатирале пропусти во постапките за отворање на рудници

20.01.2018 | 17:14
Прочитано: 1387

Работни групи од активистии против рудници и претставници на министерства ќе ја анализираат документацијата врз основа на која се издадени концесиите за експлоатација на бакар и злато во Казандол – валандовско и Иловица- струмичко. Активистите се сомневаат дека има прекршувања во самите процедури и сакаат правнички да се стопираат рудниците во југоистокот.

„Имаме решени за нив, значи на ниво на алгоритам знаеме како да го решиме и државата да биде заштитена, да нема рудници, но клучно во сето ова е да ги добиеме документите што ги бараме што побрзо“, вели Ѓорѓи    Танушев –  здружение  Здрава котлина

Здруженијата веќе доставиле барања за увид во одредени документи кои министерствата требада    ги објават. Ѓорги Танушев од Здрава котлина смета дека има пропусти и тие веќе ги лоцирале. Нудат и правно решение како Владата да ги стопира рудниците, а да не плаќа казнени пенали.

„Пропусти има. Проблемот е во тоа како ова правно да се реши. Ние најдовме модус како ова да се реши без да има потреба да се плаќаат пенали, но пред се сакаме да ги видиме документите“,  вели Ѓорѓи    Танушев –  здружение  Здрава котлина

Веќе неколку месеци трае битката на активистите да се стопираат рудниците. Доколку Владата сериозно не се посвети на  овој проблем не ја исклучуваат и граѓанската непослушност.

„Нашиот став останува ист за итно стопирање на рударскиот комплекс Казандол. Тоа го бараме од надлежните институции, од Владата, од министерствата. Доколку тоа не се исполни одиме со радикални чекори со блокади и протести“, вели Роберт Марков – Спас за Валандово

Рудникот Казандол влегува во завршна фаза. Во април се очекува да ја добијат и последната дозвола за отпочнување со работа. Инвеститорите тврдат дека работат согласно македонската законска регулатива, а технологијата што ќе се применува нема да  ја загадува животната средина.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.