Аеродромци со протести против Деталниот урбанистички план

07.04.2017 | 21:11
Прочитано: 1940
Три дена аеродромци на протести против Деталниот урбанистички план. Не сакаат висококатница кај Мајчин дом и станбени згради покрај кејот на Вардар.
 
Од граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“, велат дека повеќето згради ќе придонесат за погусто население, сообраќај и дополнителено ниво на загадениот воздух во зимскиот период.
 
Жителите велат дека изминатите години постојано се градат згради во Аеродром.
 
Деталниот урбанистички план експресно беше донесен на седница пред три дена во Општина Аеродром. Предвидува 8 катница плус поткровје кај Мајчин дом и станбена урбанизација покрај кејот на Вардар. Во меѓувреме, иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“ ќе протестира сè додека не се повлеќе урбанистичкиот план. Најавија нови протести утре.

Игор Стефановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.