Аеродромци на протест - бараат трајно стопирање на изградба на зградата кај Мајчин дом

10.10.2018 | 20:20
Прочитано: 1463

Нема да дозволиме да го узурпирате и она парче зеленило што ни остана. Оваа градежна инвазија мора еднаш да заврши, гласно порачаа скопјани на вечерашниот собир, пред градилиштето кај Мајчин Дом.

„Гасна комора не ни треба, Аушвиц не ни треба, со маски не сакам да шетам овдека, имам мали деца внучиња не може вака. И треба да се престане веќе еднаш“. „Живеам со години овде во онаа зграда, ова беше со години зеленило зошто некој да го украде тоа. Провев чист воздух и се тоа што ни фали сакаат да го земат и тоа“, „Паркинг простор каде за тие 200 стана?“

Со привремената забрана за градење на идната висококатница во Аеродром велат само се купува време. Бараат да се направи детална ревизија на урбанистичките планови, кои ги гледаат како еколошка катастрофа за градот.

„Привремената забрана не значи ништо, затоа што после 15 дена сопственикот ќе ја отстани и ќе продолжи да гради. Најубаво би било да се види како дошло до приватизација на ова државно земјиште пред 12 години.“

На вонредната седница во петок на која ќе се разгледуваат урбанистичките планови, Марин ги покани и граѓанските организации, кои и вечерва порачаа дека нема да отстапат од нивната намера за спас на зеленилото.

„Ова не е нешто што е прв пат видено од наша страна. Градоначалникот Ивица Коневски ни ја направи истата финта кога се буневме за носењето на новиот ДУП, тогаш го повлече на измена на доработка и на тој начин го бајпасираше граѓанскиот револт.“ - Изјава Искра Манојлоска – Граѓанска иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ .

За спас на зеленилото во Аеродром имаше протести уште пред да биде донесен урбанистичкиот план, но граѓаните  не успеаа да ги спасат зелените парцели, со дрвореди стари и повеќе од 50 години. А не немилосрдна борба за зеленило, се обврза токму и новиот градски татко уште во предизборието.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.