Адам Мосери нов шеф на „Инстаграм“

02.10.2018 | 19:24
Прочитано: 649

Само неколку дена откако творците на Инстграм ја напуштија компанијата, нејзиниот сопственик „Фејсбук“ за нов менеџер го постави Адам Мосери.

Новиот менеџер на „Инстаграм“ повеќе од десет години работи во „Фејсбук“, како еден од соработниците на Марк Закерберг.

Веста ја повцдија и твроците на Инстаграм, Кевин Систром и Марк Кригер, кои оценија дека Мосери е најдобар избор, бидејќи има големо искуство и професионални квалитетии добро ги познава вредностите на сеоцијалната мрежа.

Систром и Кригер изразуваат надеж дека во иднина Инстгарам ќе продолжи да ја проширува корисничката база и ќе станува се популарна во целиот свет.

Мосери се придружи на „Фејсбук“ во 2008 година. Тој извршуваше неколку различни должности во компанијата, пред во мај годинава да биде именуван за заменик-претседател на одделот за менаџмент  „Фејсбук“.

Изборот на Мосери не е изненадувачки, бидејќи голем број аналитичари веќе го оценија како вистинска личност за раководење со „Инстаграм“.

Следниот чекор за „Фејсбук“ е значително да се зголемат приходите заработени од апликацијата и да се обебзедат над една милијарда активни корисници на глобално ниво.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.