7,5 години затвор за дедото на Тамара

12.07.2018 | 17:13
Прочитано: 11593

Мирно, во друштво на својата адвокатка Љупчо Стојановски слушаше дека е прогласен за виновен  за обид за убиство врз екс министерот за здравство Никола Тодоров. По околу седум месеци рочишта, судот проценил дека Стојановски бил непоколеблив во намерата да му го одземе животот на Тодоров, поради смртта на неговата внука Тамара. 

Случајот судијката Софија Лаличиќ го анализирала и од емоционален аспект, со големата тагедија, депресијата и алкохолизмот на Стојановски, но на крај порача:

„Ово судски совет сочувствува со загубата на обвинетиот.“

Адвокатката Павлина Зефиќ најавува жалба. До крај остануваат на ставот дека Стојановски на 1 јуни лани пристигнал со пиштол пред министерството за да испука во вис предупредување да не се повтори трагедијата на неговото семејство. А, истрелите требало да ги слушне и новоназначениот министер Арбен Таравари.

„Нема барутни честитки на облеката и рацете и нема доказ каде завршил проектило кој е пронајден по 16 дена.“ - изјави Павлина Зефиќ – адвокат.

Обвинителството побара 61 годишниот Стојановски да остане во притвор до правосилност на пресудата.

„Не се издржува во притвор, таму е лошо“ - одговори кратко Стојановски.

Но, судот одлучи дека ако сега излезе од Шутка постои најголемата опасност за да го доврши делото. На изрекувањето на пресудата не пристуствуваше никој од семејството на Стојановски, а случајот со голем интерес го следеа медиумите. Тој веќе доби една зџатворска казна од 1 година за нелегално поседување на оружјето, со кое нишанел кон Тодоров.

Тамара Димковска почина на деветгодишна возраст, пред 3 години. Поради деформитет на рбетот со кој се бореше цел живот, нејзиното семејство бараше државата да го плати лекувањето во странство. Сите кои учествуваа во одлучувањето да биде одбиена за лекување сега се на обвинителна клупа, но меѓу нив не е Никола Тодоров.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.