67,3 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на преспанскиот договор

14.09.2018 | 17:09
Прочитано: 6926

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на преспанскиот договор, покажува испитувањето на јавното мислење што го спроведе меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана.

Според анкетата направена од 1 до 10 септември годинава врз 1.218 испитаници во сите шест изборни единици, на референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција.

Од испитаните, 86,7 отсто сметаат дека македонските граѓани независно од етничките и политичките разлики, треба да покажат единство кога е во прашање полноправното членство во  ЕУ и НАТО, додека 79,8 проценти мислат дека евроатлантската интеграција е правилна стратешката ориентација на државата.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.