5Г ерата започнува кон крајот на 2018 година

15.05.2018 | 13:25
Прочитано: 1817

Некои од водечките производители на смартфони веќе најавија дека ќе ги пуштат првите уреди за работа во 5Г мрежи во 2019 година. Производителот на мобилни чипови „Куалком“ сепак изрази уверување дека уште до крајот на 2018 година на пазарот ќе се појават 5Г смартфони.

Во интервју за „Економик Тајмс“, потпретседателот на „Куалком“ Дурга Прасад Малади вели дека партнерите на компанијата планираат да пуштат до крајот на тековната година паметни телефони, способни да работат во мрежи од петтата генерација (5Г).

„Телеком операторите веќе ветија дека ќе понудат комерцијални решенија со поддршка на 5Г до крајот на 2018 година. Правиме максимални напори за да им помогнеме“, изјави потпретседателот на „Куалком“.

Според неговите зборови, зголемената брзина на мрежите од петтата генерација значително ќе го промени начинот на кој луѓето го користат интернетот и можат да доведе до вистинска револуција во комуникациите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.