300 рудари од Саса на штрајк, бараат подобри услови за работа и повисоки плати

14.03.2018 | 11:29
Прочитано: 1241

Околу 300 рудари од Саса денеска излегоа на штрајк. Мултиетничкиот синдикат ја реализираше најавата. Бараат подобри услови за работа и повисоки плати. Маршираа и го блокираа патот што води кон рудникот. Ги пропуштаа сите автомобили и пешаци освен службените возила на рудникот.

Очекуваат новите сопственици од Централ Азија металс од Лондон да ги повикаат на разговор. Иако имаат повеќе барања, клучно е зголемување на платите. Од тоа не отстапуваат, се друго е предмет на преговори. Ако не добијат позитивни сигнали од раководството со протестот продолжуваат и утре.

Вчера генералниот директор на Саса, Неил Стивенсон рече дека имаат комуникација со, според нив, репрезентативниот синдикат член на СИЕР со кој имаат и потпишан колективен договор,  a платите во рудникот се двојно повисоки од македонскиот просек.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.