30 луѓе починаа од топлотен бран во Јапонија

21.07.2018 | 20:36
Прочитано: 1360

Властите во Јапонија прогласија црвен аларм и ги предупредија жителите да преземат мерки на претпазливост откако високите температури  во земјата одземаа 10-ци животи, а 1000-ци беа хоспитализирани.

Најмладата жрвта беше 6 годишно момче коешто починало за време на настава во природа, а во меѓувреме неколкумина ученици вклучени во надворешни активности биле пренесени во болница откако покажале симптоми на срцев удар и замор. Набрзо потоа јапонското министерство за образование соопшти дека училиштата ќе бидат затворени се додека не се подобрат временските услови.

„Поради високите температури ги советуваме граѓаните да пијат многу вода за да избегнат проблеми со срцето, како и премногу да не излегуваат надвор.“ - изјави главниот сектретар на јапонскиот кабинет

Според тамошните медиуми, температурите во централниот дел на Јапонија се искачиле и до 40 степени целзиусови, а  во Кјото речиси цела седмица се задржале на 38 степени целзиусови, за првпат од почетокот на 19-тиот век.

Топлотниот бран доаѓа по поплавите во западните делови на Јапонија, кои загинаа 220 лица. Минатата година поради високи температури во земјата починаа 44 лица.


Тиана Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.