24 тренд анализа - Зошто владата одлучи да ги зголеми платите само во одредени јавни сектори?

Повисоки плати за армијата, здравството, образованието. Зошто владата одлучи да ги зголеми платите само во одредени јавни сектори? Синдикален бунт, жестоки реакции од културата и полицијата и тие бараат зголемување, повисок минималец и к15. Дали фирмите се подготвени да исплатат поголеми месечни примања на вработените во приватниот сектор? На иста маса синдикаците, менаџерите и владини претставници. Во Тренд анализа, гости се Бранимир Јовановиќ, министерство за финансии, Ангел Димитров, организација на работодавачи, Пецо Грујовски, Синдикат на работниците од управата и правосудството, Гоце Делчев Тодев, независен синдикат на полицијата и Александар Стојцевски, синдикат на културата.

See video

Емисии

23.06.2018 - 01:44
Ќе го омекне ли Зоран Заев срцето на Емануел Макрон за Македонија да добие датум за старт на преговорите? Франција отворено се противи, Германија, Бугарија, лобираат - колку проблемот на Унијата ќе стане и проблем на земјава и Македонија и годинава ќе остане во чекалната и покрај договорот со Грција. Ќе биде ли Атина клучен играч кој ќе изигра за Франција да попушти? Договорот со Франција директно ќе се минусира, а со тоа и резултатите од референдумот кој што ја чека земјава, иако поканата за НАТО е речиси извесна. Можно ли е разочарувањето од ЕУ да се излее на улица втурнувајќи ја Македонија во нова внатрешна криза во која големите играчи како Русија би замешале прсти? Анализираат, поранешниот функционер во СЕП Перо Димшовски, поранешниот пратеник Сафет Бишевац , како и колумнистот и долгогодишен дописник од Москва Мирче Адамчевски
22.06.2018 - 23:07
Тема: Холандија даде зелено светло за преговори на МК со ЕУ - Франција скептична
22.06.2018 - 16:04
Тема: Третман на ревматоиден артритис Гостин: асс.д-р.Филип Гучев-специјалист реуматолог
22.06.2018 - 11:55
Гостин: Владимир Блажев-Панчо