24 анализа - Влегува ли спорот со името во завршница?

Влегува ли спорот со името во завршница или пак оптимистичките најави за конкретно поместување се и премногу оптимистички? Македонија покажува зголемен интерес, најави дека името е на агендата и од Грција, но со дополнителни барања и без најави за отстапување на нивната позиција. Колку Самиот на НАТО во јули е временската рамка до која може да се испорачаат конкретни резултати? Нова иницијатива од медијаторот Метју Нимиц, се очекува до крајот на месецот. Колку ќе биде пресудна таа средба? Aнализираат поранешните амбасадори Огнен Малески и Благој Зашов и поранешниот функционер во секторот за европски прашања, Перо Димшовски.

See video

Емисии

23.06.2018 - 01:44
Ќе го омекне ли Зоран Заев срцето на Емануел Макрон за Македонија да добие датум за старт на преговорите? Франција отворено се противи, Германија, Бугарија, лобираат - колку проблемот на Унијата ќе стане и проблем на земјава и Македонија и годинава ќе остане во чекалната и покрај договорот со Грција. Ќе биде ли Атина клучен играч кој ќе изигра за Франција да попушти? Договорот со Франција директно ќе се минусира, а со тоа и резултатите од референдумот кој што ја чека земјава, иако поканата за НАТО е речиси извесна. Можно ли е разочарувањето од ЕУ да се излее на улица втурнувајќи ја Македонија во нова внатрешна криза во која големите играчи како Русија би замешале прсти? Анализираат, поранешниот функционер во СЕП Перо Димшовски, поранешниот пратеник Сафет Бишевац , како и колумнистот и долгогодишен дописник од Москва Мирче Адамчевски
22.06.2018 - 23:07
Тема: Холандија даде зелено светло за преговори на МК со ЕУ - Франција скептична
22.06.2018 - 16:04
Тема: Третман на ревматоиден артритис Гостин: асс.д-р.Филип Гучев-специјалист реуматолог
22.06.2018 - 11:55
Гостин: Владимир Блажев-Панчо