23 години по масакрот во Сребреница

11.07.2018 | 18:00
Прочитано: 1519

Никогаш да не се заборави – порака која секоја година се испраќа од Поточари каде денеска се испишуваат 23 години од масовниот геноцид врз Бошњаците во Сребреница. Босна и  Херцеговина се сеќава – илјадници луѓе преку маршот на мирот се сеќаваат на жртвите од крвавите настани кои се случија во 1995 година.

И по 23 години, во Босна и Херцеговина сè уште се откриваат остатоци од жртвите и сè уште се спроведуваат погребни церемонии. Оваа година во Поточари се погребуваат  посмртните останки на нови 35 лица, од кои најмладата жртва од геноцидот е   Весид Ибриќ кој во времето на убиството имал 16 години.

Во Македонија, свечена комеморација се одржа во законодавниот дом каде претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари средба со  претставниците на политичката партија Бошњачки демократски сојуз, претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Македонија. Џафери со порака – Сребреница никогаш да не се заборави. Со иста порака и останатите присутни на свечената комеморација во Собранието.

Злосторството во Сребреница кое што се случи во 1995 година, Меѓународниот суд во Хаг во 2007 година го квалификуваше како геноцид, а додека за најголеми злосторници обвинети за геноцид се  водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ како и шефот на воените операции Ратко Младиќ за кого Хашкиот трибунал му изрече доживотна казна затвор.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.