15 ранети при експлозија во ресторан во Канада

25.05.2018 | 10:27
Прочитано: 1218

Најмалку 15 лица се повредени рано изутринава при експлозија во ресторан во градот Мисисога во канадската провинција Онтарио.

Според првичните информации станува збор за експлозија на рачно изработена бомба, а локалната полицијата трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа. 

Како што јави ДПА, експлозијата се случила во 22:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) во еден индиски ресторан во Мисисога, град кој се наоѓа западно од Торонто. Според полицијата, тројца од повредените се во критична состојба


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.