15 години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

12.03.2018 | 17:35
Прочитано: 1454

Точно пред 15 години, на 12 март 2003 година, беше извршен атентат врз Зоран Ѓинѓиќ, кој беше првиот демократски избран премиер на српската влада. Атентатот се случи пред службениот влез на зградата на Владата во 12 часот и 25 минути. Тој беше погоден со снајперски куршум во срцето, а неговиот телохранител, Милан Веруовиќ беше тешко ранет.

Неколку часа подоцна, потпретседателот на Владата, Небојша Човиќ соопшти дека атентатот врз Ѓинѓиќ е криминално дело и е чин на оние кои и во годините пред 2003, со убиства се обидувале да го запрат развојот на Србија и нејзината демократизација.

Во сеќавање и во чест на Џинџиќ, првата проевропска политичка фигура во Србија по падот на Слободан Милошевиќ, денеска во Белград се собраа повеќе илјади граѓани и политичари, премиерката Ана Брнабиќ, како и человите на Демократската партија, чиј лидер беше Џинџиќ.

„Зоран Ѓинѓиќ беше првиот демократски градоначалник на Белград, тој беше првиот демократски премиер на Србија. Убиен е во политички атентат, вршејќи ја својата должност, работејќи како премиер на Србија. Граѓаните на Србија и граѓаните на Белград секогаш ќе му оддаваат почит, исто и ние од Демократкста парија, бидејќи тој ја воспостави нашата идеологија и го утврди патот по кој и понатаму чекориме.“ - изјави Изјава: Зоран Алимпиќ-ДСС.

Ѓинѓиќ, кој многупати изјави: Не добив мандат да владеам, туку да менувам силно се залагаше за соработка со Хашкиот трибунал за воени злосторства и за време на неговата влада без уапсени и на судот му беа предадени неколку обвинети, меѓу кои и поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ.

За организирање на убиство на српскиот премиер, на 40 години затвор беше осуден поранешниот командант на „црвените беретки“ Милорад Улемак, а исто толку доби и Звездан Јовановиќ, непосреден извршител на убиството и поранешен заменик на Улемак. Политичката позадина на атентатот врз Ѓинѓиќ се уште не е откриена. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.