„Војна на ѕвездите“: Последниот Џедај“ првиот викенд заработи 450 милиони долари
18.12.2017 | 10:39
Прочитано: 1556
Осмото продолжение на серијалот „Војна на ѕвездите“, филмот „Последниот Џедај“, првиот викенд по премиерата во САД, од продажба на билети заработи 450 милиони долари, соопшти „Волт Дизни“.
Со тоа филмот го зазеде второто место на филм што заработил најмногу пари на самиот почеток од прикажувањето, додека на прво место останува едно од претходните продолженија на „Војна на ѕвездите“, „Будење на силата“ од 2015 година.
Post new comment