„Вардарци“ летнаа за Монпелје, в сабота ќе бараат одмазда за полуфиналната елиминација во Келн

13.09.2018 | 09:59
Прочитано: 784

Македонскиот ракометен шампион Вардар в сабота против француски Монпелје ја започнува новата европската приказна во борбата за тронот во Лигата на шампиони.

Вардарци рано утринава полетаа од аеродромот во Скопје, доцна попладне по пристигнувањето се очекува да имаат лесен тренинг.

Лани на фајнл-форот во Келн, „Вардарци” беа поразени од Монпелје 27:28, по што Французите ја освоија европската титула. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.