„Триста“ продолжува на 23 март

20.03.2018 | 13:54
Прочитано: 1219

„Бохемија Автомобили Роус“ учествувал на тендерот за набавка на возила за потребите на МВР во 2008 година по барање на тогашниот директор на Порше Македонија Златко Муцунски. За ова денеска сведочеш сопственичката на „Бохемија“ Даниела Роус Мишевска во Кривичниот суд за предметот „Триста“ во кој е обвинет поранешен помошник-министер за вантрешни работи Ѓоко Поповски за набавка на 300 возила за потребите на МВР.

Според Мишевска, нејзината компанија не би требало да учествува на таков тендер бидејќи тие биле само дилери и дека за тоа била потребна голема банкарска гаранција. Рече дека тие не биле овластен увозник, но по сугестија на Муцунски таа учествувала и го добиле тендерот на МВР. Од Порше Македонија и најавиле дека немало да добие никаква корист од продажбата на возилата, туку дека тие автомобили ќе бидат само сервисирани во Бохемија Автомобили.

На денешното рочиште сведочеа уште тројца вработени во МВР кои за време на тендерот на набавката на возилата биле членови во Комисијата за набавка при што пред судот посочија дел од техничките детали за таа набавка.

Судот закажа продолжение на рочиштето за 23 март на кое ќе бидат сослушувани уште пет сведоци.

Според обвинителите, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.