„Топлик“ продолжува на 21 септември - тројца сведоци ќе бидат приведени

14.09.2018 | 18:41
Прочитано: 988

Специјалното јавно обвинителство, кон крајот на октомври 2016. година го „промовираше“ предметот, односно истрагата за предметот кој беше наречен „Топлик“, а кој се однесува на продажба на државно  земјиште за потребите на изградба на таканаречениот „Сончев град“.

Всушност, предметот се однесува за периодот од 2007 до 2013 година и во него првообвинет е Миле Јанакиески, кој во тоа време ја обавуваше функцијата министер во Министерството за транспорт и врски, а со него уште пет други лица, членови на Комисијата за јавни набавки.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Обвинувањата се дека Комисијата за спроведување јавни наддавања го информирала Јанакиески дека не се исполнети условите за јавно наддавање за продажба на земјиште за изградба на „Сончев град“, но тој, наместо да го прифати укажувањето одлуѕчил да формира нова Комисија, а со цел да ја реализира продажбата на земјиштето.

И покрај неидсполнетите услови, во домашни, но и странски медиуми, бил пуштен оглас за јавно наддавање кое се случи 14. мај 2007 година.

По ова Министерството склучил договор со фирмата „Сан сити“ , но само шест дена подоцна договорот бил раскинат, бидејќи „Сан сити“, токму поради недостатоците на кои укажала Комисијата.

Поради настанатиот проблем Министерството било обвразано да го врати првичниот влог во висина од 223.970.000 , но и затезна камата од повеќе од милион евра.


Љубиша Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.