„Титаник“: Новиот шеф на ДИК Дерковски добивал инструкции од Јанакиевски за изборни манипулации

20.08.2018 | 20:27
Прочитано: 5638

Во Кривичниот суд се слушаа разговори кои ги водел поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски со повеќе соговорници на 30 мај 2011, на една недела пред вонредните избори што се одржаа на 5 јуни. Најголем делод разговорите се со лица на високи позиции во повеќе институции. Јанакиески ги координира партиските активности за Гевгелија каде на свој сопартиец му наредува ,,се што е во државна адмимистрација да не оди на работа до избори“, туку да оди од врата до врата и да води пропаганда за ВМРО ДПМНЕ. Тогашниот  градоначалникот на Валандово добива задача да ги оправда наставнците во основнтие училишта кои одат во политичка агитација од врата на врата.

„Градоначалниче, на тој професорот по физичко Ѓорѓи да му забраниш да оди на работа во Валандово, зошто треба да оди од врата на врата. Да не се појавува на работа до недела“, вели Јанакиески во разговорот. Во разговорите партиски наредби добива и сегашниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, односно да ги организира партиските членови  да излезат  да гласаат.

„Значи наоските се да ги организаирам нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а после неопределените”, вели Дерковски во разговор со Јанакиески. Она што најмногу го нервираше Јанакиески е тоа што анкетите на Институтот за политички истражувања на Владимир Божиновски, пред изборите покажуваат дека паѓа поддршката на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп, неговиот роден град.

„Ме попари. Ушите ми зујат, срцето ми тропа. Најмногу се работи таму. Ај да купев зграда во Прилеп или со мерцедес или џип да се возев, па да падне толку рејтингот, вака нема логика“, вели Јанакиески. Во еден од разговорите меѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески се открива дека Јанакиески е незадоволен бидејќи полицајци од Струмица биле повлечени во Тетово, па поради тоа ромското мало во Струмица било оставено без надзор, односно можеле лесно да купуваат гласачи. Таа пак му вели дека тоа се луѓе од посебната единица и дека може да ги врати, но како што вели нема потреба.

„Не е точно дека нема луѓе, проблем е што нема бензин. Никаде немаме бензин, не само Струмица. Изборите ни се при крај и се што имавме потрошивме. Имаме по 20 литри на станица. На увид луѓето идат со приватни коли. Ако има убиство идат со свои коли“, вели Јанкулоска. Во разговор меѓу екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и шефот на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Протоѓер ја прашува Јанкулоска на 5 дена пред изборите дали ќе ги победат СДСМ: „Ќе ги згазиме ли?“, прашува тој, на што ексминистерката се смее. Протоѓер потоа на повисок тон ѝ вели на Јанкулоска:

„Ноќта на петти на ‘А1’ ќе им се м...м у уста“, алудирајќи на аферата со списоците.

Освен Миле Јанакиевски во случајот Титаник обвинети се Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Илија Димовски, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

Линк - од Дневникот во 17 часот


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.