„Та неа“: Атина се пазари со Берлин за решение на името

15.04.2018 | 13:57
Прочитано: 1775

Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка - кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна. Ова според грчкиот весник „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор, но и што грчката страна би добила од тоа.

Весникот повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името, нешто што би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови.  Текстот во „Та неа“, наиде на бура реакции во Грција, како од опозицијата која ја обвини владата за тајни преговори, така и од владата која побара сериозност од Нова демократија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.