„Свети Трифун“ – ден на лозарите

14.02.2018 | 17:52
Прочитано: 1398

Новата лозарска сезона започна со старите проблеми, неисплатените пари за предаденото грозје. Лозарите од Тикевишијата денеска симболично ги закроија лозјата, оти дождливото време не им дозволи да влезат меѓу лозовите насади. Иако оптимизмот не ги напушта, на нивниот празник Свети Трифун ја повторија старата болка.

Ги посетија премиерот и министерот за земјоделство лично. Закројувајќи ги првите лозови гранчиња, им ветија подобрување на состојбите и зголемување на субвенциите.

Празникот заминува, реалните проблеми на лозарите почнуваат. Тие велат дека државата мора да стави крај на самоволието на винариите, кои со години им должат пари за грозјето, а ним им остануваат само протестите и блокадите кои досега не сменија ништо во односот на државата кон оваа стратешка земјоделска гранка.



Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.