„Српски телеграф“: Закани за Вучиќ поради Косово

09.06.2018 | 12:23
Прочитано: 2506

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е изложен на брутални закани од Запад поради на Косово, пишува „Српски телеграф“, наведувајќи дека западните сили го уценуваат Вучиќ да го прифати нивното решение за Косово, а во спротивно ќе пласираат афера во врска со неговиот брат.

Идејата е, како што пишува „Телеграф“, преку медиумите да се пласираат измислени афери со обвинувања против Андреја Вучиќ, братот на српскиот претседател, кои ќе се пуштаат во јавност во клучни моменти „кога нешто ќе се случува во врска со Косово“.

Тоа го поврди и министерот за одбрана Александар Вулин, кој рече дека во Србија се подготвува медиумска група која треба да го нападне Вучиќ и неговите најблиски соработници и семејството.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.