„Скопје Танцовиот Театар“ громогласно награден со долготрајни аплаузи во Хаг, Холандија

10.02.2018 | 20:46
Прочитано: 2323

 

 

Второ претставување на „Скопје Танцовиот Театар“, чија што екипа синоќа не можеше да излезе од големата сцена во овој театар во Хаг - „Корзо“, зашто аплаузите не престануваа. Самиот факт што тие настапија еден ден по најважното гостување кое беше од САД, од почеток посочуваше на особената издигнатост над останатите учесници.

По завршувањето на синоќешниот настап, се одржа коктел, на кој присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Кралството Холандија, Игор Попов.

На пригодниот коктел, уметничката директорка и предводничка на македонската делегација, Рисима Рисимкин, на Самуел Верстен од „Холанд Денс Фестивал“, во знак на пријателство му подари реплика од златната маска од Требеништа, охридско.

Вечерва, повторно публиката од Холандија и од странство, ќе има можност да ужива во претставата „Кожа“, составена од три кореографии - „Котел“ на Рисима Рисимкин, „Истиот извор“ на Матеа Киселичка и од „Погрешно“ на Адријана Данчевска.

Македонија може да се пофали со достојни претставници на современиот танц, кои се повеќе се докажуваат низ светот.

 


Огнен Јанески
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.