„Република Илинденска Македонија“, за севкупна употреба, јазик и нација македонски

19.05.2018 | 20:19
Прочитано: 12722

Зоран Заев ја фрли коцката – Република илинденска Македоцнија, име за севкупна употреба, Уставни измени, е опцијата за која пружил рака со грчкиот колега Алексиси Ципрас. Јазикот останува македонски, како и кодовите МК и МКД. Уставните измени ќе одложени и поврзани со македонскиот прием во ЕУ.   Евентуалното име има и англиска и албанска транскрипција. Премиерот вели ќе има референдум, но не  прецизираше кога. 

„Заради гаранцијата за влез во НАТО и ЕУ, заради гаранцијата за идентитетот македонски - ќе прифатиме севкупна употреба на името Република Илинденска Македонија како и заради зајакнување на меѓуетничката кохезија. Спроведувањето на употребата на новото име за внатрешна употреба би се реализирало во фази, етапно, онака како што ќе напредуваме низ преговорите за членство во ЕУ, а ќе се обезбеди преку референдум и преку уставни амандмани.    Јас донесов одлука и стојам стопроцентно позади стремежот да успееме како народ, како држава, како идеја! Верувам во ова решение, подготвен сум да водам и ќе водам напред.“, вели Зоран Заев - претседател на Владата на РМ

Заев  вели следната недела во Њујорк мадијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција доколку двете страни го прифатат предлогот. Тогаш, вели премиерот, ќе се прецизираат и временската рамка, но и сите детали како ќе се имплементира  решението. Побара консензус од македонскиот политички врв, но упати порака и до Атина

„Јас и мојот народ, дека немаме никакви територијални претензии и ги потврдуваме неменливоста на границите и почитувањето на наследството на грчкиот народ и Грција. Македонија е подготвена да го потврди ова на сите потребни начини.“, вели Зоран Заев - претседател на Владата на РМ

Ахмети и ДУИ молчејќи се согласија со Заев, но не и лидерот на опозицијата . За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив пакетот. Мицкоски не одговори дали е прифатлив предлогот Република Илинденска Македонија. Вели партиските органи ќе треба да дебатираат.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кој што во минатото беше повторен во многу наврати дека нема да поддржи промена на Уставот, а со цел на промена на уставно име. Целокупниот процес се водеше во тајност, егзибиционистички, беа загрозувани националните и  државните позиции  на Република Македонија. Патот до целта е јасен интеграција во ЕУ и НАТО но очигледно дека траекторијата е различна. ВМРО-ДПМНЕ ќе повторам нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставно име“, вели Христијан Мицкоски - претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот Иванов без конкретен став ќе чека предлогот да го види и формално на хартија.

„Очекувам барем основниот документ на кој се гради овој предлог, предлогот што го дава грчката страна, да имаме увид да знаеме за кои прашања и воопшто се разговара. Инаку, до сега сум бил принципиелен  и останувам достојно да се   придржувам на изградените ставови  од претходните претседатели на Република Македонија, а тоа е дека процесот мора да се води во рамка утврдена од ООН “, вели Ѓорѓе Иванов - претседател на државата

Државно политичкиот врв седеше 3  саати зад затворени врати,  имаше и две куси паузи за дополнителни консултации. Во клубот на пратениц ги пречекаa околу 20 тина демонстранти кои им порачаа дека не смеат како што рекоа да се пазарат со името на државата.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.