„Проѕирен автопат“ во Кина

02.01.2018 | 14:34
Прочитано: 3856

Обиколница на автопат близу кинескиот град Џинан доби делница од еден километар изработена од т.н. „проѕирен бетон“, под кој се поставени соларни панели.

Панелите зафаќаат 5.875 квадратни метри и можат да произведуваат милион киловат часови електрична енергија годишно, што е доволно за потребите на 800 домаќинства.

Електричната енергија од панелите ќе биде користена за осветлување на автопатот, тунелите, како и за напојување на камерите и наплатните пунктови.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.