„Лето без пожари“ – Кампања за зголемување на свеста на граѓаните

23.06.2018 | 17:59
Прочитано: 1563

Како и секоја година, прашање е на ден кога медиумите ќе бидат преплавени со известувања за шумските пожари и еколошката штети кои ги обележуваат летата во државата. И покрај бројните кампањи за подигање на свеста кај граѓаните, последните дваесет години изгорени се десет проценти од шумското земјиште во Македонија, експерите предупредуваат дека ако не ги чуваме нашите најголеми природни филтри како капка на дланка, ќе поминат генерации кои што нема да видат шума.

Според податоците од Дирекцијата за заштита и спасување, минатото лето шумските пожари се зголемиле за 40 проценти

Според статистиките, 99 проценти од пожарите иницирани се од човечки фактор, евидентно е и зголемување на интересот на граѓаните за користење на опожарени дрва. Жителите од село Нерези апелираат до надлежните институции да бидат присутни и во ноќните часови кога се најактивни подметнувачите на пожари.
 
Денеска на сите посетители на Водно во рамки на кампањата „Лето без пожари“, полициски службеници им укажуваа за ризиците и штетите од пожар. Активностите ќе продолжат во текот на летниот период со цел намалување на пожарите предизвикани од невнимание.

 


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.