„Кренберис“ ќе објават последен албум со Долорес О`Риордан

10.03.2018 | 19:47
Прочитано: 1409

Ирската група „Кренберис“ најави дека на почетокот на идната година ќе објават студиски материјал на кој работеле пред смртта на пејачката  Долорес О`Риордан.

Исто така, по повод 25-годишнината од излегувањето на дебитантскиот албум „Еverybody Else Is Doing It, So Why Can't We?“ во текот на оваа година треба да излезе негово реиздание.

Првично реизданието на албумот од 1993 година требаше да се појави овој месец, но поради трагичниот настан беше одложено. Реизданието ќе содржи некои претходно необјавени материјали од тој период.

Членовите на бендот Ноел и Мајк Хоган и Фергал Лоуер објавија дека одлучиле да го завршат започнатото, а на новиот албум, на кој почнале да работат уште минатата година, Долорес  во целост ги снимила вокалите.

Четириесетгодишната пејачка Долорес О`Риордан почина во јануари годинава, а нејзиното тело беше пронајдено во хотелска соба во Лондон, каде престојувала поради снимањето на новиот албум.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.