„Хоризон 2020“: Половина од Македонците се евроскептици

12.01.2018 | 09:50
Прочитано: 1214

Педесет проценти од Македонците се евроскептици – покажува истражувањето на  „Хоризон 2020“ што е направено на програмата на Европската унија.

Анализата,  во однос на тоа како жителите на западен Балкан гледаат кон пристапувањето во Унијата покажала дека Македонците, Србите, Црногорците и Босанците се речиси со поделени мислења во однос на тоа прашање.

За најголеми  евроскептици се рангирани Србите, кои изјавиле дека пристапувањето кон ЕУ ќе ги загрози нивниот културен идентите и економијата. Веднаш потоа следат граѓаните на Босна и Херцеговина и на Црна Гора.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.