„Гугл Хром“ со радикално нов дизајн од септември

08.04.2018 | 14:20
Прочитано: 1742

„Гугл Хром“, најпопуларниот прелистувач во светот, ќе добие радикално нов дизајн подоцна оваа година, соопшти „Андроид Њуз Хедлајн“, повикувајќи се на девелопери.

„Гугл“ се очекува да го надгради дизајнот на прелистувачот, во стилот на „Material Design 2“ кој ќе има заеднички елементи со оперативниот систем Андроид 9.0. Детали за новата платформа ќе бидат претставени на Гугл И / O конфренцијата за девелопери во мај оваа година.

Се вели дека надградбата на „Хром“ на „Material Design 2“ ќе се случи во почетокот на есента, дури и се спомнува точниот датум - 2 септември.

Не е случајно избран за ажурирање на прелистувачот, бидејќи тогаш прелистувачот на „Гугл“ полни 10 години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.