„Ефимерида“: На потпишувањето на договорот за името поканети се и Гутереш, Нимиц, Могерини и Хан

14.06.2018 | 12:39
Прочитано: 3597

Грчкиот весник „Ефимерида“ пишува дека потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се случи на 16 јуни (сабота) во Преспа. Според весникот, на овој настан биле поканети генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, медијаторот Метју Нимиц, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Предвидено е договорот да го потпишат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во Преспа ќе допатуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.